Како работи

Како калкулираме давачки

Калкулаторот зема повеќе фактори во предвид кога ги утврдува давачките:

  1. Прво калкулираме цена на возилото (амортизирана). За ова користиме наша сопствена датабаза која ја обновуваме често. Имајте на ум дека царината ја користи Шваке листата, која се плаќа, затоа цената која ние ви ја даваме може да се разликува. Користете го овај калкулатор само информативно за груба пресметка, бидејќи davacki.mk не сноси одговорност за точноста на податоците.
  2. Потоа додаваме трошоци за транспорт според тоа од каде е увезено возилото и дали е увезено со возење или на камион.
  3. Следно додаваме Царинска стапка од 5%. Доколку имате ЕУР1 сертификат стапката изнесува 0%, меѓутоа скоро невозможно е да се обезбеди ЕУР1 сертификат денешно време.
  4. Потоа додаваме данок на луксуз, кој се додава на возила над 10,000 Евра и варира од 1% до 20% за возила над 50,000 евра.
  5. Следно додаваме данок по CO₂ кој зависи од типот на гориво како и во која категорија/класа спаѓа возилото.
  6. На крај додаваме ДДВ од 18%.

Трошоци за транспорт

Западна Европа

  • Со возење: 300€
  • На камион: 800€

Земјите од Балканот

  • Со возење: 200€
  • На камион: 500€

Стапките за данок на луксуз (данок по вредност)

Опсег на цена (€)Стапка
10,000 - 12,0001%
12,000 - 14,0002%
14,000 - 16,0004%
16,000 - 18,0006%
18,000 - 20,0008%
20,000 - 23,00010%
23,000 - 26,00012%
26,000 - 29,00014%
29,000 - 32,00016%
32,000 - 35,00017%
35,000 - 40,00018%
40,000 - 50,00019%
50,000+20%