Често поставувани прашања
Колку точни се калкулациите за давачки?
Иако се трудиме да имаме 99% точни калкулации, самиот факт дека калкулаторот е бесплатен ги отежнува работите. Се ослонуваме на наша сопствена база креирана преку анализирање на стотици илјадници половни возила за да стигнеме до проценка на вашето возило. Цената на возилата зависи од многу фактори како годината на производство, нивото на опрема, итн. Најчесто калкулаторот е над 90% точен, меѓутоа колку колата е по-ретка/ексклузивна или по-скапа, толку поголемо отстапување може да има. Како за пример, имајте предвид дека повеќето Порше модели може да имаат опционална опрема скоро колку самото возило (над 50,000 евра во опрема), па затоа тешко е да се предвиди точна цена за некои возила.
Кои документи ми требаат за увоз?
Најчесто ќе ви требаат сообраќајната од возилото (големата и малата доколку возилото е од Германија), како и купопродажниот договор. Добро е да се има сертификат за сообразност (CoC) бидејќи тој го користи царината за да добие информации за возилото, меѓутоа ако го немате не е проблем, само ќе ви одземе уште некои 1,000-2,000 денари за да се изваде од тука. Со овие документи може да се царини возилото и потоа да се добијат сите други потребни документи од Шпедиција и технички преглед (кога ќе правите хомологација). Пред да ги доставите сите документи до МВР ќе треба да се преведени и заверени на нотар сообраќајните и купопродажниот договор. За повеќе информации во врска со документите обратете се до Шпедитерска компанија.
Колку долго трае процесот за царинење и увоз?
Самиот процес откако колата ќе пристигне во Македонија најчесто трае 2-3 недели, меѓутоа може да се заврши работа и за една недела. Царинење на возилото додека е во терминал (царински склад) трае 1-3 дена, хомологацијата трае 1 ден, а доколку треба да вадите CoC може да треба да почекате уште 2-3 дена. Најмногу време одзема испраќањето на документите до МВР и добивање одговор, кое може да биде 3-5 дена.
Дали може да увезам кое било возило?
Не, бидејќи возилата мора да исполнат одредени услови за емисии и старост. Не е проблем увезување на возило, туку регистрирање. Најчесто возилата со Еур 4 кои се понови од 2008-ма година можат да се увезат без проблем, меѓутоа консултирајте се со Шпедитер пред да купите возило.
Дали има екстра давачки кои не се вклучени во калкулаторот?
Да, и тоа 40-50 Евра за шпедиција, 25 Евра за царински терминал/склад, 20-30 Евра за превод на документи, и 100 Евра за хомологација на технички. Доколку сакате да извршите и регистрација додадете уште 150 Евра за осигурување и 100 Евра за регистрација. Вкупно тоа се уште 450-500 Евра.